
„Без обединет бизнис и академска фела нема економски развој“ – претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, во посета на МСУ:
9 април 2026
Лас Вегас: Меѓународен Славјански Универзитет и Киноверзум беа дел од CinemaCon во чекор со глобалните кино иновации
17 април 2026Меѓународен Славјански Универзитет беше единствениот универзитет од регионот кој се најде на официјалната листа на учесници на Пролетните состаноци на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд, што се одржаа во Вашингтон, САД.
Во рамки на настанот, Михаела Ѓорчева, заменик претседател на Управниот одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, и Иван Спасев, член на Управниот одбор, учествуваа на повеќе официјални средби, дискусии и настани организирани во седиштата на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка.
Пролетните состаноци на ММФ и Светска банка претставуваат еден од најзначајните глобални форуми на кој традиционално се собираат гувернери на централни банки, министри за финансии, носители на политики, претставници на приватниот сектор, како и истакнати членови на академската заедница од целиот свет. На овие средби се разгледуваа клучни прашања поврзани со глобалната економија, финансиската стабилност, развојните политики и актуелните геополитички предизвици.
















На официјалната листа на учесници се најдоа и професори и истражувачи од водечки универзитети од САД, Франција, Англија и Швајцарија, што дополнително ја потврди високата релевантност и престижот на овој меѓународен форум.
Учеството на Меѓународен Славјански Универзитет на ваков значаен настан претставува уште една потврда за активната меѓународна позиционираност на Универзитетот и неговата посветеност кон градење партнерства, следење на глобалните трендови и вклучување во најважните современи академски и економски процеси.
Во наредниот период, Меѓународен Славјански Универзитет најави учество и на повеќе значајни форуми и конференции во Соединетите Американски Држави.




