Студиска програма Софтверски технологии

Двегодишни студии
Име на студиската програма: Софтверски технологии
Факултет: Факултет за технички науки и информатика
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Студентски статус: редовен или вонреден
Времетраење на студиите: 2 години (четири семестри)
Вкупно предмети: 16
Вкупно ЕКТС: 120
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер по информатика – софтверски технологии
Годишна школарина: 1530 евра за четврта година, 2030 евра за петта година
Поаѓајќи од основните постулати на современата информатичка наука и трендот за имплементирање на софтверски решенија во сите сфери на човековото живеење во светот, Факултетот за технички науки и информатика при Меѓународен Славјански Универзитет воведе специјализирана студиска програма од оваа комплексна и динамична област, која на студентот ќе му понуди можност да се стекне со проширено стручно знаење и вештини, како и истото тоа да го примени во пракса.
Софтверски технологии е студиска програма која на студентот му нуди можност да го прошири своето знаење во повеќе софтверски дисциплини од областа на компјутерските науки. Се очекува студентот во рамки на овој циклус на студии да се профилира во стручен кадар кој поседува проширено знаење и вештини не само за теоретска, но истовремено и за практична примена на софтверските технологии, со што ќе даде свој придонес кон развојот на применетата информатика во Република Северна Македонија.
 
                Последипломски студии
Упис на двегодишни студии (3+2) можат да направат студенти кои при студирањето се стекнале најмалку со 180 ЕКТС. Во рамките на двегодишните студии се опфатени 16 предмети кои студентите треба да ги положат.
Во секој семестар има задолжителни и изборни предмети. Од понудените два изборни предмети, студентите избираат само еден. Дополнително, во наставата е вклучено и изготвување и одбрана на магистерски труд.
По завршувањето на студиите и подготвувањето на магистерскиот труд студентот се стекнува со стручен назив Магистер по информатика – софтверски технологии.
Програма двегодишни студии
7 семестар
- 
							Квалитет на софтвер и тестирањеЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Дизајн на бизнис софтверЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Безбедност и криптографијаЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Како да се биде успешен во бизнисотИзборен6 ЕКТС 
- 
							Мобилни технологии и програмирањеИзборен6 ЕКТС 
8 семестар
- 
							Менаџмент на софтверски барањаЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Системски софтверЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Напредно визуелно програмирањеЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Психологија на бизнисотИзборен6 ЕКТС 
- 
							Сензорски системиИзборен6 ЕКТС 
9 семестар
- 
							Релациски бази на податоциЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Напредна компјутерска графикаЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							ГИС во бизнисотЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Интелигентни KNX системиИзборен6 ЕКТС 
- 
							БиоинформатикаИзборен6 ЕКТС 
10 семестар
- 
							Електронско учењеЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Магистерски трудЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Операциони истражувањаЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Методологија и научна теоријаИзборен6 ЕКТС 
- 
							Мрежни анализи во ГИСИзборен6 ЕКТС 
Услови за упис
Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии) или 180 ЕКТС (завршени тригодишни студии).
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
Документи за упис
При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:
- Диплома за завршен прв циклус на студии;
- Уверение за положени испити;
- Извод од матична книга на родените;
- Фотокопија од лична карта;
- 4 мали слики во боја
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Прилепска“ бр 90А.
Годишна школарина
Кандидатите може да направат упис со самофинансирање на студиите во износ од:
- 1530 евра за четвртата година и
- 2030 евра за петтата година.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца или повеќе студенти од исто семејство одобруваме попуст од 20% за секој член, како и 20% за бранители.
Максималниот попуст не може да изнесува повеќе 20% од вкупните трошоци за студирање. Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.


