Студиска програма Безбедност од пожар
Двегодишни студии
Име на студиската програма: Безбедност од пожар
Факултет: Факултет за технички науки и информатика
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 2 години (четири семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 180 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 16 (вклучувајќи магистерски труд и стручна пракса)
ЕКТС кредити на програмата: 120
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер за безбедност при работа
Годишна школарина: 1530 евра за четвртата година, 2030 евра за петтата година
Магистерската програма Безбедност од пожар е наменета за студенти кои сакаат да ги продлабочат своите знаења и истражувачки вештини во областа на превенцијата, менаџирањето и контролата на пожари.
Програмата се фокусира на напредни инженерски, технички и управувачки аспекти од заштитата од пожар, вклучувајќи проценка на ризици, планирање на безбедносни системи, анализа на однесување на материјали при пожари, и менаџирање со итни ситуации. Студентите ќе се здобијат со теоретско и практично знаење потребно за самостојно истражување, анализа и развој на иновативни решенија за зголемување на безбедноста во урбани и индустриски средини.
Програмата е наменета за дипломирани инженери и професионалци кои работат или се стремат кон кариера во јавниот сектор, индустријата, безбедносните служби, или консултантски компании. Посебен акцент е ставен на етичките аспекти, одлучувањето во услови на криза, и развојот на способности за водење мултидисциплинарни тимови.
Магистерските студии овозможуваат напредување во кариерата и поставуваат основа за понатамошни докторски истражувања во сродни области како што се безбедност, екологија, инженерски менаџмент или техничко законодавство.
Последипломски студии
Упис на двегодишни студии (3+2) можат да направат студенти кои при студирањето се стекнале најмалку со 180 ЕКТС. Во рамките на двегодишните студии се опфатени 16 предмети кои студентите треба да ги положат.
Во секој семестар има задолжителни и изборни предмети. Од понудените два изборни предмети, студентите избираат само еден. Дополнително, во наставата е вклучено и изготвување и одбрана на магистерски труд.
По завршувањето на студиите и подготвувањето на магистерскиот труд студентот се стекнува со стручен назив Магистер за безбедност од пожар.
Програма двегодишни студии
7 семестар
-
Безбедносно инженерствоЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Пренос на топлина и масаЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Психолошки интервенции при кризен стрес и траумиЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Заштита од пожари и експлозија во технолошки процесИзборен
6 ЕКТС
-
Управување со јавни службиИзборен
6 ЕКТС
8 семестар
-
Законски регулативи за безбедност од пожарЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Теорија на палење и горењеЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Организација за заштита од пожарЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Заштита од дејство на електрична енергијаИзборен
6 ЕКТС
-
Локална самоуправаИзборен
6 ЕКТС
9 семестар
-
Менаџмент на проектиЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Моделирање и симулација на пожарЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Менаџмент на одржувањеЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Информатички технологии при заштита од пожарИзборен
6 ЕКТС
-
Директиви и стандарди за заштита на животната срединаИзборен
6 ЕКТС
10 семестар
-
Стручна праксаЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Магистерски трудЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Менаџмент на човечки ресурси при безбедност од пожарЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Методологија на научна теоријаИзборен
6 ЕКТС
-
Економски аспекти на безбедност од пожарИзборен
6 ЕКТС
Услови за упис
Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии) или 180 ЕКТС (завршени тригодишни студии).
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
Документи за упис
При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:
- Диплома за завршен прв циклус на студии;
- Уверение за положени испити;
- Извод од матична книга на родените;
- Фотокопија од лична карта;
- 4 мали слики во боја
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Прилепска“ бр 90А.
Годишна школарина
Кандидатите може да направат упис со самофинансирање на студиите во износ од:
- 1530 евра за четвртата година и
- 2030 евра за петтата година.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца или повеќе студенти од исто семејство одобруваме попуст од 20% за секој член, како и 20% за бранители.
Максималниот попуст не може да изнесува повеќе 20% од вкупните трошоци за студирање. Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.