Студиска програма
Безбедност при работа

bezbednost-pri-rabota-msu

Тригодишни студии

Име на студиската програма: Безбедност при работа
Факултет: Факултет за технички науки и информатика
Тип на студии: додипломски (прв циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Студентски статус: редовен или вонреден
Времетраење на студиите: 3 години (шест семестри)
Вкупно предмети: 24
Вкупно ЕКТС: 180
Стручен назив: инженер по безбедност при работа
Годишна школарина: 1230 евра

Под безбедност при работа се подразбира превентивно применување на одредени мерки и прописи што се однесуваат на безбедноста на човековото здравје во работната средина. На овој факултет ќе научите кои се можните опасности по човековото здравје во работните средини, како се препознаваат и како се елиминираат.

Целта на заштитата при работа е да се создадат сигурни работни услови за спречување на повредите на работното место, професионалните заболувања и несреќите, односно смалување на можните штетни последици доколку опасноста не може да се отстрани комплетно.

Додипломски студии

Достапни во Свети Николе и Битола.

На оваа студиска програма студентите прво се запознаваат со правните основи на безбедноста при работа кои се однесуваат на заштита од општите права на работниците, заштита на права во процесот на работа, а се стекнуваат и со знаење од областа на организација на заштита при работа и управување со заштитата при работа.

Исто така, студентите учат за штетните агенси во животната средина кои делуваат на човечкото здравје, механизмите на нивното дејствување и стратегија за борба против нивното штетно дејство.

Понатаму, во програмата е предвидено стекнување на знаења околу основните законитости на термодинамичките процеси со цел да се заштити работната и животната средина, усвојување на знаења за процесите на развојот на техничките системи како и техничките системи за заштита на работникот, материјалните добра и безбедноста на работната и животната средина.

Студиите се во траење од три години, а по дипломирањето студентите се стекнуваат со 180 ЕКТС.

Во рамките на тригодишните студии се опфатени 24 предмети кои студентите треба да ги положат. Во секој семестар има по 3 задолжителни и 2 изборни предмети. Од можните 2 изборни предмети, студентите избираат само 1.

Програма
тригодишни студии

1 семестар

  • Математика
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Основни параметри за работната средина
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Правни основи за безбедност при работа
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Технички материјали
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Англиски јазик
    Изборен

    6 ЕКТС

2 семестар

  • Техничка механика
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Термодинамика
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Термопостројки
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Механика на флуиди
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Основи на економија
    Изборен

    6 ЕКТС

3 семестар

  • Основи на заштитни системи
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Процена на безбедност на работно место
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Постројки и инсталации под притисок
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Економија на безбедност при работа
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Енергетика и опкружување
    Изборен

    6 ЕКТС

4 семестар

  • Теорија на системи и ризик
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Статистика и обработка на податоци
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Индикатори за квалитет на работна средина
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Индустриска вентилација
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Основи на менаџмент
    Изборен

    6 ЕКТС

5 семестар

  • Третман на опасни материи
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Ризик од механички дејствија
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Бучава во животна средина
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Основи на информатика
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Индустриска екологија
    Изборен

    6 ЕКТС

6 семестар

  • Безбедност на опрема и производи
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Заштита при транспорт и складирање
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Ергономија на работно место
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Мониторинг на животна средина
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Менаџмент на професионален ризик
    Изборен

    6 ЕКТС

Услови
за упис

Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна или меѓународна матура.

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.

Документи
за упис

При пријавувањето за упис на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •   Диплома за положена државна или меѓународна матура;
  •   Свидетелства од сите 4 години;
  •   Копија од извод од матична книга на родените;
  •   Копија од државјанство;
  •   4 мали фотографии во боја;

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.

Годишна
школарина

Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1230 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, како и 20% за бранители.

Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.

Постави
прашање

CAPTCHA image