Студиска програма Деловно право
Едногодишни студии
Име на студиската програма: Деловно право
Факултет: Факултет за правни науки
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 240 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 8
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер на правни науки – деловно право
Годишна школарина: 1530 евра
Следејќи ги современите економски текови и деловните односи како на локално, така и на глобално ниво, Факултетот за правни науки при Меѓународен Славјански Универзитет на студентите им овозможува да го прошират своето знаење за правните и економски аспекти на правната регулатива со која поблиску се уредени прашањата од областа на деловното право и финансиите.
Едногодишната студиска програма нуди предмети од клучни правни дисциплини како што се Царинско право, Меѓународно трудово право, и Европско право на трговските друштва со фокус на применливост во реални бизнис контексти. Изборните предмети како Решавање на приватни спорови во меѓународен бизнис и Меѓународно арбитражно право им овозможуваат на студентите да се специјализираат во клучни области кои се однесуваат на меѓународните економски и правни односи.
Последипломски студии
Студиската програма е идеално структурирана за студенти кои сакаат да ги продлабочат своите знаења и вештини во областа на деловното право и финансиите, со особен акцент на меѓународно трговско право и трговијата. Програмата е наменета за студенти кои се подготвуваат за кариера во деловните правни односи на локално и меѓународно ниво, овозможувајќи им пристап до знаење што е од суштинско значење за справување со комплексните предизвици на современите деловни операции.
Програма едногодишни студии
9 семестар
-
Царинско правоЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Меѓународно трудово правоЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Организациска култура и деловна етикаЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Решавање на приватни спорови во меѓународен бизнисИзборен
6 ЕКТС
-
Меѓународни економски односиИзборен
6 ЕКТС
-
Меѓународно арбитражно правоИзборен
6 ЕКТС
10 семестар
-
Академско пишувањеЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Европско право на трговските друштваЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Магистерски трудЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Стечај и стечајна постапкаИзборен
6 ЕКТС
-
Економско казнено правоИзборен
6 ЕКТС
Услови за упис
Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии).
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
Документи за упис
При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:
- Диплома за завршен прв циклус на студии;
- Уверение за положени испити;
- Извод од матична книга на родените;
- Фотокопија од лична карта;
- 4 мали слики во боја
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.
Годишна школарина
Кандидатите може да направат упис со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, за студенти на МСУ кои од прв продолжуваат на втор циклус на студии 10%, како и 20% за бранители.
Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.