Студиска програма
Клиничка и советодавна психологија

Студиската програма Клиничка и советодавна психологија е наменета за студентите кои имаат интерес да ги истражуваат и да одговорат на психолошките потреби на луѓето, преку процена и третман на нивните ментални, емоционални и бихевиорални проблеми.

Студентите на оваа студиска програма изучуваат предмети со кои се стекнуваат со знаeња за подобрување и унапредување на менталното здравје, а задолжителната практична настава низ многу институции во Република Северна Македонија само допринесува да ги подобрат вештините за соочување со предизвиците на клиничката и советодавна работа.

Студиите се насочени кон унапредување на знаењето и вештините на студентите преку практична работа и креирање и спроведување на истражувања во областите на кои се насочени. Клиничката и советодавната психологија претставуваат најголеми подрачја на применетата психологија. Поле на делување на истите се превенцијата, дијагностиката и третманот на неприлагоденото или пореметено однесување.

Примената на знаењата од клиничката и советодавната психологија придонесува за подобрување на квалитетот на животот на поединците, групите и семејствата, има превентивно влијание на психичкото здравје на поединецот и заедницата. Според тоа, целта на овие постдипломски студии е подготовка на идни професионалци во оваа област кои ќе придонесат во унапредувањето на менталното здравје и за пружање психолошка помош на поединци, групи, семејства и општеството во целина.

Последипломски студии

Достапни во Свети Николе и Битола.

Програмата е базирана на следните начела:

  • интеграција на теоријата и практичната работа во подрачјето на клиничката и советодавната психологија,
  • прилагодување на студиите на индивидуалните потреби на кандидатите преку избор на разновидни изборни предмети,
  • учење низ непосредна примена на стекнатите знаења и во текот на студиите што се обезбедува низ менторско следење и клиничката пракса,
  • следење на новите сознанија во современата клиничка и советодавна психологија и сродните струки што се постигнува низ задолжителното следење на научна и стручна литература.

Студиите можат да бидат со времетраење од една година (60 ЕКТС кредити) или две години (120 ЕКТС кредити): 

  • Двегодишни (четврта плус петта година), 300 ЕКТС
  • Едногодишни (петта година), 300 ЕКТС

Двегодишни студии
(3+2)

psihologija-24-msu- (3)

Двегодишни студии

Име на студиската програма: Клиничка и советодавна психологија
Факултет: Факултет за психологија
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 2 години (четири семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 180 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 17
ЕКТС кредити на програмата: 120
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер на психолошки науки, Студиска програма: Клиничка и советодавна психологија
Годишна школарина: 1230 евра за четвртата година, 1530 евра за петтата година

Упис на двегодишни студии (3+2) можат да направат студенти кои при студирањето се стекнале најмалку со 180 ЕКТС. Во рамките на двегодишните студии се опфатени 17 предмети кои студентите треба да ги положат.

Во секој семестар има задолжителни и изборни предмети. Од понудените два изборни предмети, студентите избираат само еден, додека од понудените три, студентите избираат два предмети. Дополнително, во наставата е вклучено и изготвување и одбрана на магистерски труд.

По завршувањето на студиите и подготвувањето на магистерскиот труд студентот се стекнува со стручен назив Магистер на психолошки науки.

Програма
двегодишни студии

7 семестар

  • Унапредување на ментално здравје во заедница
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Дефектолошка дијагностика и рехабилитација на деца со атипичен развој
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Кризи во развојните фази
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Насилство во блиските врски
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Образование на возрасни
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Социјална заштита во Република Северна Македонија
    Изборен

    6 ЕКТС

8 семестар

  • Проценка на личноста и психопатолошки отстапувања
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Психологија на агресивно однесување
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Ментална хигиена
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Психосоцијална работа со деца и млади со деликвентно поведение
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Професионална психодијагностика
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Социјални вештини во интерперсоналните односи
    Изборен

    6 ЕКТС

9 семестар

  • Психички растројства, етиологија и дијагностика
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Психолошки интервенции и третмани
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Психологија на здравје и болест
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Основи на психотерапија
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Психолошко советување
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Образовен менаџмент
    Изборен

    6 ЕКТС

10 семестар

  • Методологија на научно истражување со основи на статистика
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Магистерски труд
    Задолжителен

    24 ЕКТС

Едногодишни студии
(4+1)

psihologija-24-msu- (3)

Едногодишни студии

Име на студиската програма: Клиничка и советодавна психологија
Факултет: Факултет за психологија
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 240 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 7
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер на психолошки науки, Студиска програма: Клиничка и советодавна психологија
Годишна школарина: 1530 евра

Упис на едногодишни (4+1) последипломски студии може да направат студенти кои при студирањето се стекнале со 240 ЕКТС кредити. Во рамките на едногодишните студии бројот на предмети кои треба да се положат изнесува 6.

Во 9. семестар има задолжителни и изборни предмети. Од понудените три изборни предмети, студентите избираат само два. Дополнително, во наставата е вклучено и изготвување и одбрана на магистерски труд.

По завршувањето на студиите и подготвувањето на магистерскиот труд студентот се стекнува со стручен назив Магистер на психолошки науки.

Програма
едногодишни студии

9 семестар

  • Психички растројства, етиологија и дијагностика
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Психолошки интервенции и третмани
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Психологија на здравје и болест
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Основи на психотерапија
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Психолошко советување
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Образовен менаџмент
    Изборен

    6 ЕКТС

10 семестар

  • Методологија на научно истражување со основи на статистика
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Магистерски труд
    Задолжителен

    24 ЕКТС

Услови
за упис

Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати:

  • 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии), за упис на едногодишни студиски програми, односно
  • 180 ЕКТС (завршени тригодишни студии), за упис на двегодишни студиски програми.

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.

Документи
за упис

При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •  Диплома за завршен прв циклус на студии;
  •  Уверение за положени испити;
  •  Извод од матична книга на родените;
  •  Фотокопија од лична карта;
  •  4 мали слики во боја

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.

Годишна
школарина

Кандидатите може да направат упис со самофинансирање на студиите во износ од:

  • 1230 евра за четвртата година и
  • 1530 евра за петтата година.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, за студенти на МСУ кои од прв продолжуваат на втор циклус на студии 10%, како и 20% за бранители.

Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.

Постави
прашање

CAPTCHA image