За факултетот


Факултет кој постои повеќе децении


Нашиот Факултет за економија и организација на претприемништвото уште од самото основање им помага на студентите да се остварат себеси како млади економисти и менаџери подготвени да се изборат за своето место на пазарот на трудот.

Кога се запишувате на нашиот факултет вие се придружувате на фамилијата од илјадници наши студенти кои се имаат стекнато со титулата дипломиран економист – менаџер. Ние мислиме дека економијата и организацијата на претприемништвото се интересни теми за проучување и подготвени сме да ги споделиме нашите знаења со вас!

Факултетот за економија и организација на претприемништвото на студентите им нуди четиригодишни додипломски студии и едногодишни последипломски студии.



Знаењето и вештините пред сè


Факултетот за економија и организација на претприемништвото при Меѓународниот Славјански Универзитет ви нуди можност да учите од најдобрите професионалци од областа на економијата и менаџментот. Ќе се стекнете со непроценливи знаења и вештини кои несомнено ќе ве направат економисти подготвени да се соочат со предизвиците на денешното живеење!


Важно е да научите како да размислувате


Нашите програми се спој помеѓу економијата и менаџментот, црпејќи ги најзначајните работи од двете области.

Посветеноста на студентите на нивниот професионален развој им дава можност да стекнат квалитетно теоретско познавање од областа на економијата и менаџментот, но и да научат како да го надоградуваат, проверуваат и преиспитуваат, бидејќи економијата и менаџментот се подложни на брзи промени. За да бидат во чекор со времето, студентите треба да научат како да учат и да се надоградуваат постојано.

Така, ние се трудиме да ги научиме нашите студенти на техниките на „ловење риба“, наместо да им оставаме „уловени риби“.



Современи наставни програми за современи економисти и менаџери


Нашите студиски програми за додипломски и последипломски студии опфаќаат голем број предмети кои се изучуваат на светски познати универзитети. Вежбите и работилниците кои ги вклучуваме како дополнителни активности на практичен начин им го приближуваат менаџерскиот свет на нашите студенти.

Предметите од областа на економијата ќе ви покажат дека сè се врти околу изборот – од одлуките кои ги правиме како поединци, до комплексните структури креирани од компаниите и владите.

Предметите од областа на менаџментот ќе ве научат колку е важен човечкиот фактор во структурата, обликот и културата на организациите. Исто така ќе научите дека менаџерот за да може правилно да ја работи својата работа ќе мора да научи да слуша и гледа повнимателно и подалеку од очигледното.


Соодветни технички услови


Студентите ја следат наставата според сите европски и светски стандарди, тргнувајќи од современо опремените кабинети, научната литература со која се служат, па се до непосредната комуникација со професорите и нивната достапност во секое време, што веројатно е најголемиот и најблагородниот придонес на приватното образование.


Ветуваме дека во наредните четири години нашиот академски тим ќе ви овозможи да:


  • научите да правите економски анализи и да давате совети;
  • рационално да се однесувате со ресурсите;
  • научите како да заработувате од вашите бизнис идеи;
  • можете да ги предвидувате идните економски случувања во земјата и светот;
  • бидете доволно подготвени за започнување на сопствен бизнис

https://www.facebook.com/slavjanskiuniverzitet/videos/1639275336083206/


CAPTCHA image