На 03.11.2015 беше потпишан Договор за соработка со здружението за помош на социјално исклучени лица и ризични групи ЦИВИТАС. Потписници беа Деканот на Факултетот за психологија, проф. д-р Диана Белевска и м-р Мартин Ѓорѓиев, претседател на здружението.
Договорот со ова здружение им нуди на нашите студенти на Факултетот по психологија повеќе опции за вршење практична и волонтерска работа, со цел унапредување и проширување на нивните знаења.