
МСУ и KARIERA.mk започнуваат соработка за поголема вработливост и професионален развој на студентите
17 септември 2026На 15 септември, во хотелот „DoubleTree by Hilton“ во Скопје, се одржа проштална вечер по повод завршувањето на дипломатската мисија на Н.Е. Сатибалди Буршаков, амбасадор на Република Казахстан во Република Северна Македонија.
На настанот, Меѓународниот Славјански Универзитет го претставуваа проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управниот одбор, Михаела Ѓорчева, потпретседател на Управниот одбор, Иван Спасев, член на Управниот одбор, Мартин Ѓорѓиев, генерален секретар, и проф. д-р Марија Гроздановска, проректор за меѓународна соработка и развој.
Присуството на претставниците на МСУ беше можност да се оддаде признание за досегашната успешна соработка, заемната доверба и пријателските односи изградени во текот на дипломатскиот мандат на амбасадорот Буршаков.
Меѓународниот Славјански Универзитет му изразува искрена благодарност на Н.Е. Сатибалди Буршаков за неговиот придонес во унапредувањето на соработката и му посакува добро здравје, лична среќа и многу успех во понатамошната дипломатска и професионална кариера.






