
Михаела Ѓорчева го претстави своето истражување на меѓународна докторска работилница во Шпанија
11 јуни 2026Денес, во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе, успешно се одржа предавањето „Cyber Security 2026 – Што можеме да очекуваме?“, настан посветен на најактуелните прашања од областа на сајбер безбедноста и дигиталната заштита во современото општество.
Предавањето го отвори проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседателот на Управниот одбор на Меѓународен Славјански Универзитет. Предавањето го одржа проф. д-р Хаџиб Салкиќ кои пред присутните студенти, професионалци, претприемачи и заинтересирани граѓани ги претставија најновите глобални трендови, ризици и предизвици што ги носи забрзаниот технолошки развој.
Во рамки на предавањето беа обработени теми од особено значење за иднината на дигиталната безбедност, меѓу кои сајбер заканите кои се очекуваат во 2026 година, влијанието на вештачката интелигенција врз безбедносните системи, заштитата на личните и деловните податоци, како и практични насоки за безбедно користење на современите технологии.
Во динамична и интерактивна дискусија, присутните имаа можност да добијат конкретни сознанија за заканите што сѐ повеќе влијаат врз поединците, компаниите и институциите, како и практични препораки за подобрување на дигиталната безбедност во секојдневното работење и комуникација.
Предавањето отвори важни прашања за иднината на сајбер безбедноста во време кога вештачката интелигенција и новите технологии носат истовремено нови можности и нови ризици. Со споделените искуства и експертиза на предавачите, учесниците добија појасна слика за предизвиците што нè очекуваат во годините што следат и за начините на кои можат навремено да се подготват за нив.









