проф. д-р Хаџиб Салкиќ ве поканува на предавањето „Cyber Security 2026 – Што можеме да очекуваме?“
10 јуни 2026Михаела Ѓорчева, заменик-претседател на Управниот одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, учествуваше на Третата нордиско-ибериска докторска работилница за деловна економија, која се одржа на Факултетот за економија и бизнис при Универзитетот во Сарагоса, Шпанија.
Како студентка на докторски студии на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана, таа го презентираше своето тековно истражување поврзано со улогата на инфлуенсерите за време на „бури“ на социјалните мрежи, со наслов: „Calming or Fueling the Firestorm? Influencer Roles and Consumer Responses through the Lens of #Blockout2024 Social Media Firestorm“.
Во рамки на докторската работилница, Ѓорчева учествуваше на повеќе академски сесии, тркалезни маси, активности за вмрежување и работилници посветени на современи предизвици во деловната економија, одржливоста, финансиските пазари и примената на вештачката интелигенција во истражувањето.
Настанот беше свечено отворен од деканката проф. д-р Ана Јетано, а учесниците имаа можност да присуствуваат и на предавање на Андрес Алмасан од Универзитетот во Тексас во Остин, САД.
На настанот учествуваа докторски студенти и истражувачи од повеќе европски универзитети, овозможувајќи размена на идеи, интернационално академско вмрежување и дискусија за актуелни истражувачки теми.













