На 4. април 2024 година Меѓународен Славјански Универзитет потпиша значаен Меморандум за соработка со компанијата Premium Safety Solution 77. Меморандумот за соработка беше потпишан на кампусот на Меѓународен Славјански Универзитет во Св. Николе, а потписници беа претседателот на Управен Одбор на МСУ, проф. д-р Јордан Ѓорчев, и управителот на Premium Safety Solution 77, Марија Кукуноска.
На потпишувањето на меморандумот присуствуваа и претседателот на Сенатот на МСУ, проф. д-р Живко Митревски, и Вера Велинова, комерцијален директор на Premium Safety Solution 77. Меморандумот ја потврдува посветеноста на МСУ кон унапредување на практичните вештини и професионалниот развој на студентите во областа на безбедност и здравје при работа.
Со овој меморандум се отвараат многубројни врати за студентите на Меѓународен Славјански Универзитет, овозможувајќи им да го надополнат своето образование со практично искуство директно во пракса, но и да ги зголемат своите шанси за вработување по завршувањето на студиите. Преку меморандумот студентите ќе имаат и можности за вработување веднаш после завршување на студиската програма Безбедност при работа.
Со овој чекор МСУ ја потврдува својата посветеност кон соработка со водечки компании во областа, со цел да обезбеди подобри услови за учење кои директно се одразуваат на потребите на пазарот на трудот.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |