Промовирана збирката есеи „Средношколски размислувања – 7“
9 јуни 2023Лондон: м-р Михаела Ѓорчева на тркалезна маса заедно со Forbes и Courtyard by Marriott
21 јуни 2023На 9 јуни 2023 година (петок) на Меѓународен Славјански Универзитет во Битола започна 14-та Меѓународна научна конференција „Меѓународен дијалог: ИСТОК-ЗАПАД“. Првиот ден од конференцијата се одржуваше со физичко присуство на МСУ во Битола. Научни насоки на конференцијата беа:
- Безбедносно инженерство и информатика,
- Економија,
- Филозофија, лингвистика и културологија,
- Право и политикологија и
- Психологија и образование.
Со поздравен говор на конференцијата се обратија проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен Одбор на МСУ и проф. д-р Ленче Петреска, ректорка на Меѓународен Славјански Универзитет.
Модератор на конференцијата беше доц. д-р Милена Спасовска, од Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет.