Евротинк – Центар за европски стратегии го одржа почетниот настан „Младите и соработка во образованието” кој е дел од проектот: „Демистифицирање на (не) соседските односи на патот кон ЕУ: Случајот на Северна Македонија и Бугарија”. Поздравни говори одржаа:
- г. Димитар Николовски-извршен директор на ЕВРОТИНК,
- Н.Е. г. Ангел Ангелов – Амбасадор на Р. Бугарија,
- г. Дејвид Морган – советник во Канадска Амбасада во Белград.
На настанот говорници беа:
- г. Марко Ѓоргиевски – директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност,
- г-а Росица Џамбазова – директор на бизнис инкубатор Гоце Делчев, Центар за промоција на претприемништво од Бугарија и
- г. Борче Серафимовски – заменик претседател на Управен одбор на Меѓународниот Славјански Универзитет и докторанд на „Св. св. Кирил и Методиј” – Универзитет во Велико Трново, Бугарија.
На настанот своите искуства ги споделија студентите кои биле дел од ЕРАЗМУС+ програмата за студии во Бугарија, универзитетски професори, преставници на граѓанскиот сектор, и учесници кои биле дел од прекугранична соработка CBC.