Врз основа на договорот за соработка на Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ и Универзитет „Св. св. Кирил и Методиј“ од Велико Трново (ВТУ) од 27.01.2016 и врз основа на Анекс 1, Анекс 2 и Анекс 3 од член 25 од Законот за високо образование на Република Северна Македонија (Службен весник 82/2018) со Одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија за одобрување и спроведување на високообразовни активности на странска високообразовна институција со број 40-5555/1 од 18.05.2018 и Потврда 15-6838/2 од 14.06.2022 издадена од страна на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија за упис во регистарот на високообразовни институции под сериски бр. 64, Регулатива на академскиот совет бр. 12 од 17.10.2022, го објавува следниот:
за упис на студенти на втор циклус на студии на Универзитетот „Св. св. Кирил и Методиј“ од Велико Трново за академската 2022/2023 година
во соработка со Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“
Назив на студиската програма: Англофонски студии. Јазик – Култура – Литература
Факултет: Факултет за современи јазици
Степен: Магистер
Поле: 2.1. Филологија
Траење на студиите: 1 година (2 семестри)
Услови за упис: диплома за завршени додипломски студии со најмалку 240 ЕКТС /или диплома за завршени последипломски студии со најмалку 300 ЕКТС (студенти со завршени додипломски или магистерски студии)
Тип на студиите: РЕДОВЕН
Јазик: Англиски јазик
Предмети: 6 задолжителни + 4 изборни
Вредност на студиската програмата: 60 ЕКТС
Стекнат степен: Магистер по филолошки науки
Годишна школарина за студенти од странство: 1300 EUR
Назив на студиската програма: Регионален развој
Факултет: Факултет за историја
Степен: Магистер
Поле: 4.4 Географија
Траење на студиите: 1 година (2 семестри)
Услови за успис: диплома за завршени додипломски студии со најмалку 240 ЕКТС, и студенти со завршени додипломски или магистерски студии од исто научно поле (4.4 Географија).
Тип на студиите: РЕДОВЕН
Јазик: Англиски јазик
Предмети: 10 задолжителни + 4 изборни
Вредност на студиската програма: 60 ЕКТС
Стекнат степен: Магистер по регионален развој
Годишна школарина за студенти од странство: 1500 EUR
Назив на студиската програма: Регионален развој
Факултет: Факултет за историја
Степен: Магистер
Поле: 4 Географија
Траење на студиите: 5 година (3 семестри)
Услови за упис: диплома за завршени додипломски студии со најмалку 240 ЕКТС, или завршени додипломски или магистерски студии од друго научно поле (друго од 4 Географија).
Тип на студиите: РЕДОВЕН
Јазик: Англиски јазик
Предмети: 16 задолжителни + 6 изборни + 2 факултативни
Вредност на студиската програма: 90 ЕКТС
Стекнат степен: Магистер по регионален развој
Годишна школарина за студенти од странство: 1500 EUR
Назив на студиска програма: Компјутерски науки. Применети компјутерски науки
Факултет: Факултет за математика и информатика
Степен: Магистер
Поле: 6 Информатика и компјутерски науки
Траење на студиите: 5 година (3 семестри)
Услови за упис: диплома за завршени додипломски студии со најмалку 240 ЕКТС, или завршени дипломски и магистерски студии од исто научно поле (4.6 Информатика и компјутерски науки).
Тип на студиите: РЕДОВЕН
Јазик: Англиски јазик
Предмети: 5 задолжителни + 3 изборни + 2 факултативни и 1 семестар за пракса
Вредност на студиската програма: 90 ЕКТС
Стекнат степен: Магистер по компјутерски науки
Годишна школарина за студенти од странство: 1500 EUR
Студентите кои ќе бидат запишани на студиската програма од 3 семестри, ќе бидат обврзани да платат 50 % од целосната школарина за третиот семестар.
Бројот на запишани студенти за секој факултет изнесува 20 студенти.
За да се запишат, кандидатите треба да имаат диплома за завршени додипломски студии со 240 ЕКТС. Студиските програма ќе биде на англиски јазик и кандидатите треба да имаат сертификат за познавање на англиски јазик со минимум Б2 ниво.
Доколку кандидатите што ќе се пријават на Факултетот за современи јазици немаат сертификат за познавање на англиски јазик со минимум Б2 ниво, тие треба да полагаат приемен испит на англиски јазик.
Секој студент што има диплома за завршени додипломски студии со 240 ЕКТС има право на упис. Документите на кандидатите ќе бидат пратени на нострификација за прв циклус на студии, нострификацијата ќе биде спроведена од страна на Универзитетот „Св. св. Кирил и Методиј“ во Велико Трново во Националниот центар за информација и документација (НАЦИД), Република Бугарија.
Периодот за пријавување ќе започне од 09.11.2022 и крајниот рок за пријавување е 9.12.2022. Документите ќе бидат предадени во НАЦИД и до 30.12.2022 ќе биде објавена финалната листа со запишани студенти.
Листата на запишани студенти ќе биде објавена на официјалната веб-страница на единицата на универзитетот, како и на официјалната страница на Меѓународниот Славјански Универзитет во Свети Николе, Република Северна Македонија.
При упис студентите се должни да платат 480 EUR за административните трошоци за постапката за проследување на документите. По објавувањето на официјалната листа на запишани студенти, студентите се обврзани да ја платат школарината според следната табела:
Научно подрачје | Школарина за 2 семестри |
Филолофија | 1300 EUR |
Географија | 1500 EUR |
Информатика и компјутерски науки | 1500 EUR |
Оваа програма за последипломски студии е редовна (хибридна настава: и со физичко присуство и онлајн). Времетраењето на студиите е 1 година (2 семестри) или 1.5 година (3 семестри), во зависност од претходното образование на студентите.
Потребни документи за аплицирање:
Документите за аплицирање треба да бидат доставени на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе на следната адреса: Ул. Маршал Тито бр. 77, 2220 Свети Николе, Р. Северна Македонија.
За повеќе информации кандидатите можат да се обратат на тел: +389 32 440 330 или на адреса за електронска пошта infovtu@msu.edu.mk.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |