Доц. д-р Григор Михајлов и Ирина Валкова од Високата школа за телекомуникации и пошти од Софија, Бугарија деновиве се во посета на МСУ во рамките на програмата Еразмус+, во делот на мобилност за административен кадар.
Во рамки на денешната посета на универзитетот (8 јуни 2022) остварија средба со претседателот на Управен одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, проф. д-р Јордан Ѓорчев и вработените во Канцеларијата за меѓународни односи при МСУ.