Викторија Велкова од Канцеларијата за меѓународни односи на Меѓународен Славјански Универзитет зема учество на INNOVATE SEMINAR во рамките на Еразмус+ програмата. Семинарот се одвиваше во малиот планински град Копарберг во Шведска во периодот од 29 април до 5 мај 2022.
Викторија беше избрана да биде дел од тимот на невладината организација Youth on Board од Штип. Youth on Board се партнери во овој Еразмус+ проект заедно со други невладини организации од Естонија, Германија, Грција, Норвешка, Португалија, Романија, Шпанија, и Бугарија. Носител на овој проект е невладината организација Awesome People од Шведска, а имаше вкупно 25 учесници.
Семинарот организиран во рамките на Еразмус+ програмата има за цел да обезбеди платформа за дискусија и размена за важни прашања во европската младинска работа или младинска политика. Учесниците придонесуваа во дискусиите за развојот на младинската работа или младинската политика и разменуваа добри практики на избраната тема.
Семинарот има за цел да ја зајакне соработката меѓу младинските организации и да промовира иновативни методи на младинска работа во вклучувањето на младите и неформалното учење преку размена на најдобри практики и работа кон развивање иновативни методи.
Главни содржини и активности на проектот:
За време на проектот се разменуваа различни мислења и беа поставени прашања од типот:
Организациите кои учествуваа во проектот се:
Во прилог можете да погледнете фотографиите кои пристигнаа од Викторија: