од Студентски блог – студентски размислувања
Личниот прогрес настапува при излезот од нашата комфорна зона !
Личниот раст не е нешто навидум и суштински лесно. Работата на себе е најкомплексниот конструкт кога станува збор за остварување на потребата за самоактуализација. Потреба која не секој човек низ својот животен тек ја остварува. Потреба која носи најголеми разочарувања доколку не биде остварена, но секако ги носи со себе и најубавите сегменти, како задоволство од сам себе, самодоверба, чувство на припадност, градење на здрави емотивни и социјални релации.
Многумина живеат живот исполнет со споредување на својот живот со туѓите животи околу нив, па настапува незадоволството и анксиозноста во однос на тоа дали и сами можат и ќе успеат да се реализираат како успешни индивидуи.
Секоја индивидуа сама по себе е различна и не е идентична со ниедна друга околу себе. Тоа што ни е сервирано од самото зачекорување во овој свет е нашето семејство. Сè друго е подложно кон ПРОМЕНА.
Промената е таа која ни носи нови искуства, нов начин на живот, пробивање кон подобри аспекти и го менува нашиот mindset во тоталитет. Сè што се бара од човекот при негово издигнување е ПРОМЕНА , излегување од комфорната зона која го задушува и отворен ум кон нови нешта кои можат да го доловат за него она за што сметал дека е невозможно и тешко достапно.
Работата на себе вклучува себеспознавање, истражување на нашиот внатрешен селф, сознавање на нашите способности, маани и доблести, сознавање на нашите вистински желби и потреби, за подоцна да постои насока и цел кон нивно остварување.
Сè почесто имаме можност да запознаеме незадоволни , гневни личности, личности кај кои доминираат фрустрации, личности кои градат нездрави релации со околината околу себе. Со анализа и опсервација на подолг временски период , сум стигнала до некаков заклучок за тоа дека секој човек го гледа кај другиот она кое сам го поседува. Сè почесто сме жртви на угнетувања, меѓусебни препирања , меѓусебна компетитивност и радување на туѓ неуспех. Знаеме ли зошто е тоа така ? Не интересира ли каде води тој нездрав начин на функционирање? Можеме ли да направиме промена во однос на тоа?
Секако дека ДА. Промената започнува од мене, промената започнува од моето ЈАС. Кога промената постои кај самите НАС, таа настапува и кај луѓето околу нас.
ВАЖНО, НЕ Е СЕКОГАШ ДА БИДЕШ ПОДОБАР ОД ДРУГИТЕ ОКОЛУ ТЕБЕ, ВАЖНО, Е ДА БИДЕШ ПОДОБРА ВЕРЗИЈА ОД САМИОТ СЕБЕ !
Инспирирана сум и пишувам на оваа тематика, заради укажување на важноста за достигнување на најголемиот психолошки раст – Самоактуализација. Пишувам за да се поттикне свесноста за несвесноста, пишувам за да секој човек оддели дневно саат за себе и работи на себе, пишувам за да бидеме подобри верзии од себе, за наоѓање на внатрешен мир, за да бидеме исполнети од самите нас, да се чувствуваме убаво и здраво во своја кожа, бидејќи при незадоволство околината се менува, меѓуотоа НИЕ остануваме. Кај човекот потребата од себе е најголема. Себеспознавањето е најголемиот двигател кон духовно здрава личност .
Работата на себе е најкомплексен процес кој бара голема посветеност и трае доживотно. Притоа секоја мала промена кај нас е голема за нашата ЛИЧНОСТ . Трудот вложен во самите нас нè прави посвесни, поодговорни, посамоуверени и посреќни во секој аспект.
Да работиме на НАС – ЗА НАС!
Рубриката студентски блог е иницијатива на Здружението на студенти на Меѓународен Славјански Универзитет. Сите студенти при МСУ кои сакаат своето мислење да го изразат преку кратки есеи, можат својот пишан збор да го испратат на blog@msu.edu.mk.
*Сите испратени дела ќе бидат прегледувани од наш стручен кадар. Прифатените дела ќе бидат објавени на нашата официјална страна и секоја среда ќе биде објавуван по еден студентски блог во Битолски весник.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |