Институтот за култура и уметност при МСУ го одбележа Меѓународниот ден на жената со работна средба во Словачката амбасада.
Сопругата на Амбасадорот на Словачка во РСМ, Жанета Маркушова, го искажа своето добредојде и ја подржа идејата да се вклучи во проектите кои се посветени на жената во сите сегменти на општеството, особено во културата и уметноста. На средбата присуствуваше и нашиот соработник Александар Крстевски, раководител на Сектор за меѓународна соработка и ЕУ-Интеграции, стратешко планирање, креирање на политики, следење и ЛЕР при Општина Куманово.
Директорката на Институтот за култура и уметност, проф. д-р Соња Ризоска Јовановска и доц. д-р Габриела Крстевска, претседател на Научниот совет преку предлог проекти, соработки со низа Амбасади, локални самоуправи, институции, владини и невладини здруженија се насочени да и го вратат достојното место на културата и уметноста, како и активното делување на жената во опшествениот развој и на регионално, т.е. интернационално ниво.