Јавен повик за учество во обука за претприемништво и деловни вештини
26 септември 2019Отворена II Меѓународна научна конференција „Рускиот јазик, литература и култура: минато, сегашност и иднина“
30 септември 2019Во рамки на договорот за соработка со Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“ од Тамбов, Русија, Меѓународниот Славјански Универзитет ги повикува заинтересираните студенти од Свети Николе и Битола да се пријават за студентска размена во месец ноември, 2019. Тамбовскиот универзитет овозможува студентска размена за десет студенти од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.
Студентската размена со Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“ прерасна во долгогодишна традиција и годинава е десетта година по ред како се реализира.
Времетраењето на размената е една седмица. Студентската размена ќе се оствари на почетокот на месец ноември (во зависност од достапноста на авионските карти).
Универзитетот домаќин секоја година обезбедува:
- сместување за студентите
- оброци
- посетување на практични работилници
- богата културна програма
Патните трошоци до Москва и назад ги покриваат студентите.
Може да се пријават сите студенти на МСУ.
Предност ќе се даде на студентите кои имаат положено поголем број на испити за претходните учебни години, предвидени според нивната студиска програма. Доколку повеќе студенти го имаат истиот број на положени испити, местата ќе се обезбедуваат на принципот прв пријавен – прв услужен.
Пријавувањето трае до 3-ти октомври. Студентите кои ќе бидат избрани ќе бидат контактирани најдоцна до 10-ти октомври.
Пријава
[iphorm id=”19″ name=”Пријавување за студентска размена (duplicate)”]