За првпат Институтот за дополнително професионално образование „Меѓународна академија за наука и образование”, од Москва, Русија организира:
Курсевите се наменети за педагози и психолози, лица кои се заинтересирани за добивање знаења и практики во областа на детската невропсихологија.
Курсевите ќе започнат во септември 2019, во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе и Битола.
Точните датуми за курсевите ќе бидат објавени во август 2019.
Курсевите за невропсихолошката дијагностика овозможуваат:
По завршувањето на дадената програма слушателите ќе може да ги систематизираат своите впечатоци за невропсихолошката дијагностика и корекција и ќе може да го формулираат своето гледиште за планирање и остварување на невропсихолошка дејност и во областа на деликвентното однесување.
Курсевите се поделени во пет модули во чии процес слушателите ќе ги усвојат следниве теми:
По завршување на секој модул кандидатите се здобиваат со сертификат. По завршувањето на целиот курс (пет модули) се здобиваа со уверение.
После завршувањето на курсот кaндидатите се здобиваат со знаења во делот на невропсихолошка дијагностика во детската возраст, се стекнуваат со искуство за развој и корекција на психичките функции кај децата. Исто така кандидатите ќе добијат материјали (дијагностички и практични) потребни за практична работа со деца.
Цената за еден модул е 100 евра. Пријавувањeто е во тек, а уплатата ќе се врши пред почетокот на курсевите, откако ќе биде познат датумот на секој модул одделно.
[iphorm id=”17″ name=”Аплицирање за обуките – психологија”]
Повеќе информации zlateva.elena@msu.edu.mk, кај асс. м-р Елена Златева.