На 30-ти ноември (петок), на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ се одржа практично-показна работилница на тема „Безбедност на машини“. Предавачи беа доц. д-р Деан Брковски од Факултетот за безбедносно инженерство при МСУ и дипл. маш. инж. Сашко Стојмановски, претседател на групација за БЗПР при Стопанска комора на РМ.
Сите учесници добија уверенија за учество, а предавањето беше бодувано со 10 бодови.