Пчелари од повеќе градови во Македонија вечерва се собраа на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ за предавањето од д-р Родољуб Живадиновиќ, претседател на Сојузот на пчеларски организации во Србија, долгогодишен пчелар и автор на повеќе трудови од областа на современото пчеларење.
Предавањето беше на тема „Воведување на нови методи на пчеларење во изменети агроеколошки услови“.