Повик за вториот Шаховски турнир „Державин“ во Битола
Меѓународниот Славјански Универзитет како организатор Ве поканува да земете учество на дводневен аматерски шаховски турнир со стручна помош на членови од битолскиот шаховски клуб. Турнирот ќе се одржи на 22 и 23 декември 2017 во големата конференциска сала на нашиот универзитет во Битола, со почеток од 11:00 часот. Линк до настанот на Facebook.
Турнирот е наменет за членови на шаховски клубови и аматери од 15 до 27-годишна возраст.
Судија: Миодраг Јазаџиевски
Игра:
Темпо на играње 10 минути со додаток 5 секунди по потег, почнувајќи од првиот потег (10’ + 05”).
Швајцарски систем, 9 кола, по правилата на ФИДЕ за забрзан шах.
Наградeн фонд:
Најдобрите тројца шахисти ќе ги добијат следниве награди:
• Најдобрата шахистка
• Најперспективниот млад шахист (до 18 години)
При делба на место одлучува:
Бухолц – 1 (без најлош противник)
Бухолц
Поголем број победи
Прогрес
Скратен прогрес
Програма:
прв ден I-VI коло, со пауза измеѓу трето и четврто коло,
втор ден, СИМУЛТАНКА со велемајстор Влатко Богдановски и доигрување на последните три кола
Деталната програма ќе биде наскоро објавена.
Фотографија од турнирот во 2016 година.
Пријавување:
Право на учество имаат членови на шаховски клубови и аматери на возраст од 15 до 27 години.
Рок на пријавување: 15 декември 2017.
Котизација за учество – 200 денари за два дена. Во котизацијата се вклучени закуски и пијалоци во текот на двата дена.
Сметка за уплата: Примач: ПВУ МСУ, Сметка: 320-1000028568-45, Банка: ЦКБ. На уплатницата задолжително треба да биде наведено името на учесникот кој се пријавува за турнирот.
За дополнителни прашања Ве молиме обратете се на shahovski@msu.edu.mk или на 078 313 512 – Игор Mихајловски.
Пријавувањето се врши исклучиво со пополнување на следната апликација: