По повод децениската соработка помеѓу Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и ТГУ „Г.Р.Державин“ од Тамбов, Руска Федерација, на 24 мај, Денот на сесловенските просветители, беше одигран свечен одбојкарски натпревар во женска конкуренција.
Исклучително квалитетната екипа од Русија, која впрочем е и шампион во универзитетската лига во нивната земја, беше пресилен противник за битолската екипа „Пелистер – волеј“ која настапи под логото на Славјанскиот универзитет. Иако натпреварот заврши 3:0 за гостите, ова беше голем ден за битолската женска одбојка.
https://www.facebook.com/sportm.mk/videos/1584325561586460/