По повод 27-ми март – Светскиот ден на театарот, во Свети Николе започна нов Меѓународен театарски фестивал „Билазора“.
Денес граѓаните на Свети Николе проследија претстава од класата на Мето Јовановски од Универзитетот ЕФТА – Скопје, со кој МСУ има склучено договор за соработка.
Иницијатор и организатор на фестивалот е Институтот за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ од Свети Николе. Фестивалот е замислен и ќе се реализира како театар во куфер, односно мобилен театар, и ќе трае до 7-ми април оваа година.
Фестивалот го носи името „Билазора“ според истоимениот археолошки локалитет во Овче Поле, во непосредна близина на Свети Николе. Директор на фестивалот е Христо Петрески, а селектор е Трајче Кацаров.