9-тиот Велигденски натпревар во кршење со ноеви јајца се одржа во Свети Николе

Велигденски фестивал и базар на Славјански во Свети Николе
5 април 2018
Отворен ден на Славјански во Битола
10 април 2018

9-тиот Велигденски натпревар во кршење со ноеви јајца се одржа во Свети Николе

Во Свети Николе имаме необична и уникатна традиција за празнување на Велигден. Секоја година на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ се одржува велигденски натпревар во кршење со ноеви јајца. На овој 9-ти по ред натпревар учество зедоа натпреварувачи од Свети Николе, како и децата на вработените во Амбасадата на Руската Федерација во Р. Македонија и Македонска-руската стопанска комора.
 
Во опуштена и пред сe весела атмосфера, учесниците ги одмеруваа совладаните техники како да се скрши јајцето на противникот.
 
Победници на овој традиционален натпревар се Даријан и Димитар Дечкови од Свети Николе, кои заеднички со нивното ноево јајце кое тежи повеќе од еден килограм, ги победија останатите натпреварувачи.