Чекор 1: Истражете
- Разгледајте ја нашата веб страница и одберете го факултетот кој Ви се допаѓа.
- Проучете како факултетот кој го сакате ќе го надополни и надгради Вашиот професионален живот
- Дали професијата која ја одбирате е онаа која сакате да ја работите?
- Посетете нè, разговарајте со нашите вработени, бидете сигурни дека сте чекор поблизу до живеењето на Вашата визија!
Чекор 2: Сторете нешто
Доколку насоката која ја одбравте Ве води кон професијата од Вашите соништа, тогаш сторете нешто во врска со тоа! Откако ги собравте сите потребни информации, време е за:
- Подготовка на потребните документи
- Проверка на роковите и датумите за упис
- Одлука за начин на финансирање на студиите
Чекор 3: Запишете се
Сега, кога веќе сè Ви е подготвено, можете да дојдете во нашите кампуси и да извршите упис.
Слободно можете да дојдете и да поразговарате со нашите вработени од Центарот за кариера за да бидете сигурни дека сте на вистинскиот пат.