Факултет со
повеќедецениско искуство

Нашиот Факултет за економија и организација на претприемништвото уште од самото основање им помага на студентите да се остварат себеси како млади економисти и менаџери подготвени да се изборат за своето место на пазарот на трудот.

Кога се запишувате на нашиот факултет, станувате дел од големата заедница на илјадници наши дипломирани и магистрирани студенти. Веруваме дека економијата и менаџментот се возбудливи и значајни области за изучување и со задоволство ги споделуваме нашите знаења и искуства со вас!

Факултетот за економија и организација на претприемништво нуди четиригодишни додипломски студии и едногодишни последипломски студии:

Додипломски студии
четиригодишни

Последипломски студии
едногодишни

Знаењето и вештините
пред сè

Факултетот за економија и организација на претприемништво при Меѓународен Славјански Универзитет ви овозможува да учите од врвни професионалци во областа на економијата и менаџментот. Ќе стекнете непроценливи знаења и вештини кои ќе ве подготват да се соочите со предизвиците на современиот свет како успешни економисти и менаџери!

Важно е да развиете
критичко размислување

Нашите програми интегрираат економија и менаџмент, обезбедувајќи ви целосни знаења од двете области.

Фокусирани сме на тоа студентите да стекнат способност за критичко размислување и анализа. Наместо само да се запознаат со теориите, ги поттикнуваме да ги применуваат знаењата во практични ситуации. Ова е особено важно во брзо променливите полиња како економијата и менаџментот.

Нашата цел е да ги оспособиме студентите да размислуваат иновативно и да се прилагодуваат на новите предизвици. Наместо да им даваме готови решенија, ги учиме како самите да ги пронајдат и имплементираат.

Современи програми за современи економисти и менаџери

Современи студиски програми
за економистите и менаџерите на иднината

Нашите студиски програми за додипломски и последипломски студии опфаќаат голем број предмети кои се изучуваат на светски познати универзитети. Вежбите и работилниците кои ги организираме како дополнителни активности на практичен начин им го приближуваат менаџерскиот свет на нашите студенти.

Предметите од областа на економијата ќе ви покажат дека сè се врти околу изборот – од одлуките кои ги правиме како поединци, до комплексните структури креирани од компаниите и владите ширум светот.

Предметите од областа на менаџментот ќе ве научат колку е важен човечкиот фактор во структурата, обликот и културата на организациите. Исто така ќе научите дека менаџерот за да може правилно да ја работи својата работа ќе мора да научи да слуша и гледа повнимателно и подалеку од очигледното.

Современи
технички услови

Студентите ја следат наставата според сите европски и светски стандарди, тргнувајќи од современо опремените кабинети, научната литература со која се служат, па се до непосредната комуникација со професорите и нивната достапност во секое време, што веројатно е најголемиот и најблагородниот придонес на приватното образование.

Со студиите
веруваме дека:

  • ќе научите да правите економски анализи и да давате совети;
  • рационално ќе се однесувате со ресурсите;
  • ќе научите како да заработувате од вашите бизнис идеи;
  • ќе можете да ги предвидувате идните економски случувања во земјата и светот;
  • ќе бидете доволно подготвени за започнување на сопствен бизнис.

Постави
прашање

CAPTCHA image