
Пријавување за штандови на Новогодишен фестивал и базар • 23, 24 и 25 декември 2021
6 декември 2021
Потпишан договор за соработка со Меѓународна полициска асоцијација
10 декември 2021Доколку отсекогаш сте сакале да насликате зимски пејзаж, ова е вистинската работилница за вас. Институтот за култура и уметност при „Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ ја организира уметничката работилница „Зимска бајка” на која можете да научите како да насликате зимски пејзаж на платно со акрилни бои.
Работилницата е организирана во рамки на Новогодишниот фестивал и базар кој ќе се одржи на МСУ од 23 до 25 декември 2021. Работилницата „Зимска бајка“ е за возрасни и ќе се одржи во ресторан „Златна Москва“ – Свети Николе на 24 декември (петок). Почеток на работилницата – 19:00 часот.
Работилницата ќе трае 2 часа, а ќе ја води Викторија Егорова, професионален (стручен) ликовен уметник, академска сликарка.
Што е вклучено?
Во работилницата е вклучено:
- Платно со димензија 40х30 цм.
- Акрилни бои, сет четки, тегли за вода
- Бришачи, влажни марамици, престилки
- Штафелаи за на маса
- Вечера во ресторан „Златна Москва“
- Сертификат за посета на работилницата.
Цена на учество: 1590 денари.
За инструкторот

Пријавување
За да се пријавите за работилницата, Ве молиме пополнете ја формата подолу. Нашиот тим ќе Ве контактира и ќе Ви даде повеќе информации во врска со работилницата, начинот на плаќање и подготовката.




