Доколку отсекогаш сте сакале да насликате зимски пејзаж, ова е вистинската работилница за вас. Институтот за култура и уметност при „Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ ја организира уметничката работилница „Зимска бајка” на која можете да научите како да насликате зимски пејзаж на платно со акрилни бои.
Работилницата е организирана во рамки на Новогодишниот фестивал и базар кој ќе се одржи на МСУ од 23 до 25 декември 2021. Работилницата „Зимска бајка“ е за возрасни и ќе се одржи во ресторан „Златна Москва“ – Свети Николе на 24 декември (петок). Почеток на работилницата – 19:00 часот.
Работилницата ќе трае 2 часа, а ќе ја води Викторија Егорова, професионален (стручен) ликовен уметник, академска сликарка.
Во работилницата е вклучено:
Цена на учество: 1590 денари.
Викторија Егорова е професионален (стручен) ликовен уметник, академска сликарка, доктор на психолошки науки, насока – психологиjа на личноста. Професорка на Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев” (Штип). Основач, раководител и наставник во Образовен центар за класична ликовна уметност „Да Винчи“ (Скопје). Нејзините слики се наоѓат во приватните и јавни колекции во Р. Северна Македониja, Русија, ЕУ, САД и Кина.
За да се пријавите за работилницата, Ве молиме пополнете ја формата подолу. Нашиот тим ќе Ве контактира и ќе Ви даде повеќе информации во врска со работилницата, начинот на плаќање и подготовката.