Конкурс за трансфер и упис на студенти на прв циклус на студии во учебната 2024/2025 година
12 јануари 2025Ден 2: МСУ на Светскиот економски форум во Давос
22 јануари 2025Неделава над 3000 од највлијателните луѓе во светот ќе се соберат во Давос, Швајцарија за да присуствуваат на Светскиот економски форум и останатите настани кои се одржуваат паралелно. Светскиот економски форум кој започнува денес, 20 јануари, го претвора ова мало планинско гратче со 10.000 жители во центар на глобалните дискусии.
Претседатели, владини претставници и директори на најголемите компании и организации во светот ќе дискутираат за најважните прашања со кои се соочува човештвото. Покрај официјалната програма, паралелно се одржуваат стотици настани како конференции, трибини и тркалезни маси, создавајќи платформи за идеи, мрежно поврзување и соработка.
На првиот ден Меѓународен Славјански Универзитет беше дел од три значајни настани:
- Equality Lounge® од The Female Quotient – платформа посветена на промоција на еднаквоста и вклученоста, со акцент на создавање одржливи и целосно ориентирани организации во новата ера на работа.
- Open Forum – Панел дискусија која поттикнува дијалог и свест за важни глобални прашања, отворена за сите учесници и достапна преку онлајн преноси.
- Вечера за добредојде со организацијата 100 Davos Women – Еден од најпрестижните настани во Давос, каде што жените лидери се собираат за да споделат инспиративни идеи и да дискутираат за иднината.
Меѓународен Славјански Универзитет е горд што втора година по ред учествува на овие настани, а годинава се претставуваме и со сопствен говорник – Михаела Ѓорчева, која ќе се обрати на 22. јануари на платформата WeLounge, организирана од Конфедерацијата на индиската индустрија и организацијата Women Inspiring Network (WIN), а поддржан од Bill and Melinda Gates Foundation.
Првиот ден од форумот беше исполнет со многу знаење, идеи и нови можности за соработка. Оваа недела ветува уште повеќе инспиративни моменти и перспективи. Следете нè за повеќе информации и детали за нашето учество на Давос 2025!