O университетe

повеќе детали

За Универзитетот

Меѓународниот Славјански Универзитет (МСУ) „Гаврило Романович Державин“ е корпоративен универзитет со Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“ од градот Тамбов, Руска Федерација. Тоа значи дека ние имаме постојана соработка со рускиот универзитет која се одвива преку размени во научната, наставната и студентската сфера, заедничка организација на конференции и слични настани. МСУ започна со работа во 2004-тата година, најпрвин со Факултетот за економија и организација на претприемништвото, а потоа со отворањето на одделението во Битола, постепено се акредитираа и нови факултети. Денес во склоп на МСУ функционираат 5 факултети и тоа:
Универзитетот е место каде студенти со разни животни приказни, разни интереси и вештини доаѓаат со цел да научат, да се надоградат, да се развијат како комплетни личности кои ќе можат да се справат со сите предизвици што животот еден ден ќе ги исправи пред нив. Затоа, универзитетот што тие го избираат треба да биде достоен за нивните амбиции и очекувања. Да се биде достоен за исполнување на очекувањата на толкава бројка млади луѓе значи вложување напор и континуирана работа, без да се остави простор за најмала грешка. Фактот дека веќе единаесет години постоиме како универзитет, како и самиот број на досега запишани и дипломирани студенти, остава позитивен впечаток и исто така потврдува дека луѓето имаат доверба во нашиот бренд и во нашето име. Нивната доверба се темели на позитивното искуство со кое се имаат стекнато при студирањето на МСУ, а ова се работите кои, според нив, се она што најмногу нè истакнува како институција: секогаш достапниот наставен кадар и нивната отвореност кон студентите; квалитетна, интерактивна и практична настава која се изведува според ЕКТС; експертски професорски кадар (над 60 професори од Македонија, визитинг професори од Русија, Србија, Бугарија, Белорусија, Украина, Германија, Кина); интернационалната соработка; размена во научната, наставната и студентската сфера; современо опремени предавални, лаборатории, работилници, простории за вежби, амфитеатар; комплетно опремена библиотека со читална; отвореноста на МСУ која се рефлектира преку организирање на меѓународни конференции, културни манифестации и многубројни активности кои го негуваат духот на интернационализацијата и глобализацијата; Направете го првиот чекор кон успехот, бидете и Вие дел од семејството студенти кои своето образование го стекнуваат на еден од реномираните факултети при Меѓународниот Славјански Универзитет! Одбери го твојот факултет веднаш, затоа што твојот факултет е на Славјански Универзитет!