Во „Куќата на Уранија“ во Охрид заврши 4тиот меѓународен филозофски дијалог „ИСТОК-ЗАПАД“.
Последната сесија на дијалогот се одржа на 6-ти октомври со излагањата на д-р Дарија Рупчиќ Келам, проф. д-р Амир Музур и доц. д-р Ива Ринчиќ од Хрватска, проф. д-р Мајкл Џорџ од Канада, доц. д-р Евангелос Протопападакис од Грција, проф. д-р Бардил Чипи од Албанија и проф. д-р Трајче Стојанов од Македонија.
Тема на симпозиумот оваа година е „Биоетиката на крстопат“, а е во организација на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и Филозофското друштво на Македонија (ФДМ).