Филозофскиот дијалог продолжи на Славјански во Битола

Во МАНУ свечено отворен 4-тиот Меѓународен филозофски дијалог на тема „Биоетиката на крстопат“
3 октомври 2018
Во Охрид заврши филозофскиот дијалог „ИСТОК-ЗАПАД“
8 октомври 2018

Филозофскиот дијалог продолжи на Славјански во Битола

Денес на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола се одржаа две работни сесии од Меѓународниот филозофски дијалог на тема „Биоетиката на крстопат“, симпозиум кој нашиот универзитет по четврти пат го организира заедно со Македонската академија на науките и уметностите и Филозофско друштво на Македонија.
 
На првата работна сесија од симпозиумот, свои излагања имаа проф. д-р Дејан Донев, проф. д-р Александра Деаноска – Трендафилова, проф. д-р Елена Игновска од Македонија, и д-р Зоран Тодоровиќ од Србија. На втората работна сесија активно учество земаа д-р Јана Чернова од Русија, проф. д-р Костас Теологлу од Грција, проф. д-р Жељко Калуѓеровиќ од Србија и проф. д-р Денко Скаловски од Македонија.
 
Работниот дел од собирот завршува утре во Куќата на Уранија во Охрид.