Успешно заврши тридневниот Новогодишен фестивал и базар 2021

Потпишан договор за соработка помеѓу Институтот за инженерска економија при Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и CNC Академијата од Босна и Херцеговина
25 декември 2021
Повик за упис на обука за CNC програмери и оператори
27 декември 2021

Успешно заврши тридневниот Новогодишен фестивал и базар 2021

Во изминатите три дена граѓаните имаа можност да го посетат нашиот Новогодишниот фестивал и базар кој се одржа во дворот и во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, Киноверзум и ресторан „Златна Москва“. На базарот околу 20 креативци ги изложија своите рачни изработки.

На третата вечер од Новогодишниот фестивал и базар во Св. Николе гостуваше и внуката на Дедо Мраз – Снегурочка. Во Русија Снегурочка е позната како посредник помеѓу Дедо Мраз и децата и таа му помага да ги раздели подароците. Исто така, базарот го посетија и членовите на Мото клуб Свети Николе МЦЦ во рамки на нивниот настан Дедо Мраз на мотор.

Во пресрет на Новогодишните празници, посетителите можат да одберат уникатен подарок за своите најблиски, како и да го посетат нашето кино и да ги гледаат најновите филмски хитови, да се засладат со шеќерна волна и да се згреат со варено вино.

Базарот започна на 23 декември и се одржуваше до 25 декември.