На 4 мај 2023 година (четврток) во Скопје, во спортската сала „Македонски херои“ беше одиграно третото коло од Универзитетската лига во футсал. Во лигата настапуваат најголемите универзитети во земјата.
Меѓународен Славјански Универзитет има одиграно 2 натпревари и има досега 2 победи. Екипата на МСУ составена од студенти од петте наши факултети играше против екипата на Универзитет на Југоисточна Европа – Тетово. Остваривме победа од 6:2.