Нова, трета по ред победа за Меѓународен Славјански Универзитет во Универзитетската лига, денес 4:2 над екипата на Универзитет „Св. Климент Охридски” од Битола.
Во спортската сала „Павел Шатев“ во Битола на 11 мај 2023 година беше одиграно петтото коло од Универзитетската лига во футсал. Во лигата настапуваат најголемите универзитети во земјата, а екипата на МСУ е составена од студенти од петте наши факултети.
Меѓународен Славјански Универзитет досега има одиграно 3 натпревари и бележи 3 победи. Со третата победа екипата на МСУ влегува во трката за прво место.