По завршената постапка за нострификација и добивање Решение за нострификација од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, кандидатот ги доставува потребните документи за упис до Службата за студентски прашања на Меѓународен Славјански Универзитет.
Доколку студентот соработува со Enrollment Institute за постапката за нострификација, универзитетот веќе ќе ги има примено документите и само се пристапува кон потпишување на договор за студирање.
Во прилог е листата на документи кои се потребни за упис за прв и втор циклус на студии.
Документи за упис на прв циклус студии
- Решение за нострификација;
- Диплома за завршено 4-годишно средно образование и положена државна или меѓународна матура (со апостил печат);
- еден примерок од дипломата преведена од овластен судски преведувач во Република Северна Македонија, заверена на нотар
- Свидетелства за секоја завршена година;
- еден примерок од секое свидетелство преведено од овластен судски преведувач во Република Северна Македонија, заверено на нотар
- Државјанство;
- еден примерок од државјанството преведено од овластен судски преведувач во Република Северна Македонија, заверено на нотар
- Извод од матична книга на родените;
- еден примерок од изводот од матична книга на родените преведено од овластен судски преведувач во Република Северна Македонија, заверено на нотар
- Договор за слушање курс по македонски јазик (доколку студиската програма е на македонски јазик)
- Потврда за уплата на школарината и трошоците за курсот по македонски јазик
По добивање на сите документи, МСУ и студентот потпишуваат договор за студирање на избраната студиска програма. Договорот се потпишува и праќа онлајн, а оригиналот се испраќа до студентот доколку има потреба од него за изготвување на визата.
Документи за упис на втор циклус студии
- Решение за нострификација;
- Диплома за завршен прв циклус на студии (со апостил печат);
- еден примерок од дипломата преведена од овластен судски преведувач во Република Северна Македонија, заверена на нотар
- Уверение за положени испити;
- еден примерок од уверението преведено од овластен судски преведувач во Република Северна Македонија, заверено на нотар
- Државјанство;
- еден примерок од државјанството преведено од овластен судски преведувач во Република Северна Македонија, заверено на нотар
- Извод од матична книга на родените;
- еден примерок од изводот од матична книга на родените преведено од овластен судски преведувач во Република Северна Македонија, заверено на нотар
- Договор за слушање курс по македонски јазик (доколку студиската програма е на македонски јазик)
- Потврда за уплата на школарината и трошоците за курсот по македонски јазик
По добивање на сите документи, МСУ и студентот потпишуваат договор за студирање на избраната студиска програма. Договорот се потпишува и праќа онлајн, а оригиналот се испраќа до студентот доколку има потреба од него за изготвување на визата.
Доколку имате дополнителни прашања може да не контактирате на international@msu.edu.mk.