Кандидатите од странство кои се заинтересирани да студираат на студиските програми на Меѓународен Славјански Универзитет кои се изведуваат на македонски јазик треба да посетуваат подготвителна настава по македонски јазик (ниво А1 и А2) во времетраење од два семестри.

Институтот за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет (или друга партнерска институција на универзитетот, зависно од слободните места), нуди курс во времетраење од два семестри за странски студенти. Трошоците за курсот по македонски јазик (со вклучено едно полагање на испитот) изнесуваат 1000 евра за двата семестри.

Во секој семестар студентот ќе има по три месеци предавања. После првиот семестар предавања, студентот полага испит и доколку успешно го положи, добива сертификат за А1 ниво на познавање на македонскиот јазик. По вториот семестар студентот полага испит за А2 ниво на познавање на македонски јазик.


Постапка


  1. После добивањето на Решението за нострификација од Министерството за образование и наука, кандидатот може да потпише договор за студирање на една од студиските програми на МСУ.
  2. Откако потпише договор со МСУ, кандидатот добива потврда од Службата за студентски прашања дека може да започне со слушање на курс по македонски јазик организиран од партнерска организација на МСУ.
  3. Кандидатот потпишува договор со партнерската институција и го следи курсот во времетраење од два семестри.
  4. По завршување на секој семестар кандидатот може да полага испит, со цел да се стекне со сертификати А1 и А2 за познавање на македонски јазик.
  5. Кандидатот ќе започне со студиската програма следната академска година, доколку добие сертификат за познавање на македонски јазик. Неговиот статус како студент ќе започне по успешно завршување на курсот и добивање сертификати за познавање на македонски јазик.