Во периодот од 13. до 17. мај 2024 година, 15 студенти од Здружението на студенти при Меѓународен Славјански Универзитет беа дел од младинската конференција насловена: „Promoting Youth Engagement in Agriculture and Farm to Fork Policy“ во Солун, Грција.
Целта на конференцијата беше да ги спои образовните институции и индустријата овозможувајќи им на младите умови да учествуваат во различни дискусии, разменувајќи идеи, ставови и искуства. Студентите се запознаа со современите предизвици во земјоделието, како што се климатските промени, безбедноста на храната, загубата на биодиверзитетот и потребата за одржливи решенија.
Покрај нашите студенти, учесници на конференцијата беа и студенти од Италија, Шпанија, Хрватска, Унгарија, Бангладеш, Данска и Азербејџан, што овозможи имеѓународна размена на знаења и перспективи.
Нашите студенти активно се вклучија во сите дискусии и работилници, покажувајќи голем интерес и желба за учење и придонесување кон подобра иднина за земјоделието. Нивниот ангажман и посветеност на темите ја истакнаа важноста на младинскиот глас во креирањето на политики и одржливи решенија за глобалните предизвици.
Меѓународен Славјански Универзитет гордо го поддржува учеството на своите студенти во вакви значајни настани и ќе продолжи да промовира активности кои поттикнуваат академски и професионален развој. Оваа конференција беше одлична можност за нашите студенти да стекнат нови знаења, да изградат мрежа на контакти и да се инспирираат за идни иницијативи кои ќе имаат позитивно влијание врз општеството и животната средина.