На 17.03.2022 година (четврток) студентите од четврта година од Факултетот за Психологија при Меѓународен Славјански Универзитет – Битола, реализираа практична настава во СОУ „Таки Даскало” во Битола под менторство на доц. д-р Горица Поповска Налевска и училишните психолози Марија Младеновска Димитровска и Наташа Вучкова на која фокусот беше ставен на улогата на училишниот психолог во проценка на надарените и талентирани ученици.
Целта на посетата е студентите да направат поврзување на теоретските концепти што ги изучуваат со реалната практика и состојбите во училиштата во однос на идентификацијата и третманот на надарените ученици и директно да се запознаат со примената на дел од психолошките тестови кои се користат во идентификацијата.