Политикин Забавник е списание кое се печати во Србија, но се чита во повеќе од половината Европски земји. „Са забавником у свет“ е рубриката во која се објавуваат фотографиите што верните читатели на ова популарно списание ги испраќаат. Фотографиите треба да се направени на некое патување и на истите треба да биде вклучен и некој број од „Забавник“.
Дел од нашите студенти кои беа на студентска размена во Тамбов, Русија, ја испратија оваа фотографија не само за да ја докажат својата лојалност кон списанието, туку и да ги споделат своите импресии и впечатоци од прекрасната Русија.
Да се биде присутен во ова списание значи да се биде присутен во поголемиот дел од Европа. Им благодариме на нашите студенти што ја испратија оваа фотографија и на Политикин Забавник што ја сподели со светот!