На 15 април 2022 година (петок) група студенти и предавачи од Факултетот за безбедносно инженерство беа во посета на Рударско-енергетскиот комбинат (РЕК) – Битола. Во текот на практичната настава студентите беа запознаени со работата на комбинатот и мерките кои се преземаат за безбедно работење на вработените во него.