
Меѓународен Славјански Универзитет беше домаќин на ИТ специјалист од Турција
3 април 2026
Меѓународен Славјански Универзитет на настан по повод Меѓународниот ден на Ромите
9 април 2026Меѓународен Славјански Универзитет успешно го реализираше стручното предавање на тема „Психосоцијални аспекти на онколошките заболувања“, кое се одржа на 8 април 2026 година во просториите на Универзитетот во Свети Николе.
Предавањето го одржа м-р Розита Андонова, психолог и психотерапевт од ЈЗУ Општа болница Гевгелија, која преку своето богато практично искуство презентираше релевантни сознанија, практични пристапи и професионални насоки за работа со лица со онколошки заболувања. Присутните имаа можност да се запознаат со современиот пристап кон психосоцијалната поддршка и значењето на интегрираната грижа во третманот.
Настанот се реализираше како дел од глобалната иницијатива за одбележување на Светскиот ден на психо-онкологијата 2026, поддржана од International Psycho-Oncology Society, со што Меѓународен Славјански Универзитет активно се вклучи во меѓународните текови на едукација и подигнување на свеста за оваа значајна област.
Со реализацијата на вакви настани, Меѓународен Славјански Универзитет ја потврди својата посветеност кон унапредување на стручната едукација и активно учество во обработката на значајни теми од областа на здравството и психологијата.












