Отворен ден на Славјански во Битола
8 април 2015Проф. д-р Кети А. Несторовска за прикриениот говор на омраза
9 април 2015Во пресрет на големиот верски празник – Велигден, претставници од Студентски сојуз на Меѓународен Славјански Универзитет донираа вредни поклони во ЈУ „Дом за доенчиња и мали деца“ – Битола.
Средствата беа собрани од две хуманитарни акции во организација на студентите и финансиска поддршка од самиот универзитет. Во координација со директорката на Домот – Наташа Младеновска-Лазаревска, денес беа подарени производи кои им беа потребни на установата и тоа: 8 дубаци од брендот „Бертони“ и 55 креми за нега на детска кожа.
Благодарност на сите кои учествуваа во оваа хуманитарна активност!