Прв новогодишен аматерски (младински) турнир во ШАХ во Битола
Меѓународниот Славјански Универзитет е организатор на дводневен аматерски шаховски турнир (швајцарски систем) со стручна помош на членови од битолскиот шаховски клуб. Турнирот ќе се одржи на 23 и 24 декември 2016 во големата конференциска сала на нашиот универзитет во Битола (поранешен ресторан Фелиција).
Турнирот е наменет за млади лица од 15 до 24-годишна возраст.
Награди:
Најдобрите тројца шахисти ќе ги добијат следниве награди:
1 место: ЛАПТОП + награда изненадување од поддржувачите на турнирот. 2 место: ТАБЛЕТ + награда изненадување од поддржувачите на турнирот. 3 место: ШАХОВСКИ СЕТ + награда изненадување од поддржувачите на турнирот.
Програма:
Натпреварувачки дел: 23.12.2016 (петок) – почеток во 12.00 часот 24.12.2016 (сабота) – почеток во 12.00 часот
Tеоретски и практичен дел: 23.12.2016 (петок) – почеток во 18:00 часот
теоретски дел: „Анализа на познати шаховски партии“;
практичен дел: „Технички на отворање, одбрана и напад“
Симултанка:
24.12.2016 (сабота) – почеток во 14:00 часот
(најдобрите 10 натпреварувачи на турнирот ќе одиграат симултан натпревар со битолскиот велемајстор Влатко Богдановски)
Пријавување:
Право на учество имаат млади луѓе на возраст од 15 до 24 години.
Рок на пријавување: 20 декември 2016
Котизација за учество – 100 денари за два дена. Во котизацијата се вклучени закуски и пијалоци во текот на двата дена.
Сметка за уплата: Примач: ПВУ МСУ, Сметка: 320-1000028568-45, Банка: ЦКБ. На уплатницата задолжително треба да биде наведено името на учесникот кој се пријавува за турнирот.
Пријавувањето се врши со пополнување на следната апликација