Се одржаа петтите ораторски денови на МСУ

На МСУ во Битола се одржа тренинг обука за само – ефикасност
18 април 2019
„Антиката низ вековите“ изложба од Клуб за УНЕСКО Пиреја, Грција на Славјански во Свети Николе
19 април 2019

Се одржаа петтите ораторски денови на МСУ

Факултетот за правни науки при Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“  Свети Николе – Битола по петти пат организираше Ораторски ден на МСУ. Оваа година го славевме нашиот јубилеј – 5 години од одржувањето на првиот Ораторски ден.

Годинава во финалето на Ораторските денови освен учесниците од МСУ, за првпат земаа учество и студенти од  Филозофскиот факултет од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје.

Студентите, своите ораторски способности ги претставија преку познати говори од историски теми.

Денешната менифестација беше поделена во два дела и во двата дела настапуваа по шест студенти.

Во првиот дел учествуваа:

  1. Виктор Дамчевски, студент во 4-та година на Факултетот за Правни науки од  Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, кампус Битола.
    Наслов на говорот: „Ни го врати мирот“ од Бранко Црвенковски.
  2. Димитра Цилевска, студент во 3-та година на Факултетот за Психологија од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, кампус Битола.
    Наслов на говорот: „Нови прествртници и надежи“ од Џон Кенеди.
  3. Александар Милошевиќ, студент во 1-ва година на Правниот Факултет  „Јустиниан Први“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
    Наслов на говорот : „Морални вредности“.
  4. Јулијана Дојчиноска, студент во 2-ра година на Факултетот за Правни науки од  Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, кампус Битола.
    Наслов на говорот: „Слободата е најважна“ од Маргарет Тачер.
  5. Трајче Тасевски, студент во 3-та година на Факултетот за Правни науки од  Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, кампус Битола.
    Наслов на говорот: „Слободна и Обединета Македонија“ од Панко Брашнаров.
  6. Мартина Јорданова, студент во 1-ва година на Факултетот за Правни науки од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, кампус Свети Николе.
    Наслов на говорот:  „Ми треба Вашето внимание, а не Вашиот аплауз“ од Мери Фишер.

Во вториот дел се претставија следниве студенти:

  1. Ангела Лапеска, студент во 1-ва година на Факултетот за Психологија од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, кампус Битола.
    Наслов на говорот: „За меѓународниот ден на жената“ од Клара Цеткин
  2. Стефан Караџовски, студент на Филозофски факултет – мастер студии од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
    Наслов на говорот: „Јас имам сон“ од Мартин Лутер Кинг
  3. Верица Гелевска, студент во 2-ра година на Факултетот за Економија од  Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, кампус Битола.
    Наслов на говорот:  „Ми треба Вашето внимание, а не Вашиот аплауз“ од Мери Фишер.
  4. Јордан Ѕ’мбов, студент во 1-ва година на Факултетот за Правни науки од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, кампус Свети Николе.
    Наслов на говорот:  „Гетизбуршки говор“ од Абрахам Линколн.
  5. Снежана Толевска,  студент во 1-ва година на Факултетот за Правни науки од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, кампус Свети Николе.
    Наслов на говорот: „Пофалба за кучето“
  6. Игор Тошев, студент во 2-rа година на Факултетот за Психологија од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, кампус Свети Николе.
    Наслов на говорот: „Кога ѕвездите ќе се судрат се раѓаат нови светови“ од Чарли Чаплин.

Изборот за најдобрите оратори од оваа наша манифестација го изврши жирито кое беше во состав на:

  1. Проф. д – р. Александар Илиевски, декан на Правниот факултет при МСУ
  2. Доц. д – р. Гергана Дјанкова од факултетот  за Педагогија на Југозападниот Универзитет „Неофит Рилски“ од Бугарија
  3. Проф. д – р. Дарко Трифуновиќ, директор на институтот за Национална и Меѓународна безбедност од Р. Србија
    Жирито за најдобри оратори за годинава ги избра следниве студенти:

    Прво место, златна плакета, лаптоп и комплет книги – Јулијана Дојчиноска
    Второ место, сребрена плакета, таблет и комплет книги –  Стефан Караџовски
    Трето место, бронзена плакета и комплет книги – Виктор Дамчевски


На сите учесници им беа доделени сертификати за учество на Ораторскиот ден.