Академско пишување – онлајн предавање за студенти на МСУ
1 февруари 2021Студентски блог: Обука на умот – Стефанија Арсова
5 февруари 2021Првиот дел „Од идеја“ од циклусот онлајн предавања на тема „Академско пишување“ за студенти на МСУ се одржа на 4-ти февруари, со почеток од 18:00 часот. Првиот дел од предавањата ги држеше проф. д-р Иван Ефремовски, проректор за настава на МСУ.
На првото предавање „Од идеја“ кое се одржа преку платформата Zoom беа образложени начините за разработување на идеи и нивно трансформирање во успешни академски трудови. Исто така беа образложени фазите на планирање и истражување, како и избирање и обработка на информации.
Кон средината на предавањето се вклучи и Јована Стојанова, која работи во оваа област во Обединетите Арапски Емирати и го сподели своето искуство на изучување на предметот Академско пишување во САД.
Во циклусот од трите предавањата ќе се објасни процесот на настанување на едно научно дело, од првиот чекор, идеја преку пристап, постапка до конечен резултат, дело во академската средина.
Останатите предавања ќе се одржат во следниве термини:
- проф. д-р Иван Ефремовски, проректор за настава на МСУ
- 8 февруари 2021 год., на тема: „До дело“, 18:00 часот
- проф. д-р Ѓорѓина Ќимова
- 12 февруари 2021 год., на тема: Општ истражувачки осврт (Методологија на истражувањето), 18:00 часот
Регистрирањето е преку следниот линк.