По големиот интерес за „Деновите на психологијата на МСУ“, воведовме циклус на отворени предавања на МСУ. Започнавме со вечерни дискусии на теми од психологијата со доц. д-р Ана Чучкова. Првата дискусија беше бесплатна и се одржа на 3-ти декември 2020 на тема „Стоицизам – како начин на живеење во модерно време“ со околу 140 учесници.
Втората дискусија исто така беше бесплатна и се одржа на 17-ди декември 2020 на тема „Цртите на личноста и асертивноста“. Дискусијата се одвиваше онлајн преку платформата Zoom и траеше околу 2 часа, а имаше над 140 учесници.
Во предновогодишно расположение, доц. д-р Ана Чучкова и МСУ подготвија новогодишен подарок за еден од учесниците. Најбрзите четиринаесет учесници се натпреваруваа за новогодишниот подарок (иако не знаеја што има внатре) преку психолошка вежба. Натпреварувачите требаше да им образложат на останатите учесници зошто баш тие треба да го добијат подарокот. Потоа, сите останати учесници можеа да гласаат за натпреварувачот кој ги убедил дека баш тој го заслужува подарокот.
Победничка беше Ана Марија Ангелковска која со својот ведар дух ги убеди останатите учесници дека баш таа го заслужува новогодишниот подарок.
Наредната вечерна дискусија ќе се одржи во 2021 година, а точниот датум ќе биде објавен наскоро.